28 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАТри погрешни начини на кои ја користите електронската пошта

Три погрешни начини на кои ја користите електронската пошта

Немојте да користите предолги реченици и комплицирани зборови. Вашата конверзација со претпоставеното лице нека не надминува повеќе од три мејлови…

Без мејловите повеќе не можеме да си го замислиме животот, но повеќето од нас ги користат сосема погрешно. Што е погрешно?

1. Замена за вистински разговор

Денес мејл можете да пратите од било кое место во било кое време. Но, немојте баш секогаш да се потпирате на него. Електронската пошта никогаш нема да може да го надмине разговорот во живо, па за важните нешта, секогаш најдете време за средба со другата личност лице во лице. Освен тоа, бројните истражувања потврдија дека луѓето не се толку добри во дешифрирањето на вистинскиот контекст на пораката, како што се мислело.

2. Комплицирана содржина

Составувате нов мејл? Не користете предолги реченици и комплицирани зборови. Исто така, не мора да нагласуваме неколку пати да ја проверите содржината од граматички грешки, пред да притиснете „испрати“. Сите тие работи можат да предизвикаат недоразбирања. Уверете се дека вашиот мејл е едноставен и јасен.

3. Премногу мејлови

Нека вашата конверзација со надредените лица не надминува повеќе од три мејлови. Наместо тоа, договорете состанок во живо или барем телефонски, ако состанокот од некоја причина не е возможен. Квалитетот секогаш е пред квантитетот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП