Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 5,806.04 -0.6%    GALE 600.00 0%    GRNT 755.64 -0.53%    KMB 2,599.99 0%    MABI 1,000.00 0%    MPT 28,454.55 1.62%    MTUR 3,680.00 2.05%    OKTA 2,765.37 3.26%    PKB 12,988.00 3%    REPL 44,000.00 0%    RMDEN15 95.00 0%    RZUS 125.57 1.27%    SBT 1,390.00 2.98%    STB 895.67 -0.05%    STIL 98.00 -0.18%    TNB 10,799.35 0%    TPLF 1,376.84 0.87%    UNI 1,930.00 5.96%    

Tip of the week: „Црвот во јаболкото!“

Време: 13:59

Датум: јуни 8, 2017

Категорија: КОЛУМНИ

Не знам дали ја знаете оваа фраза „црвот во јаболкото“. Црвот ќе расипе едно јаболко, тоа ќе расипе друго и така по ред сите јаболка ќе се расипат. Така е и во тимот.

Кога припадник на тимот се однесува несоодветно и ги наметнува само своите барања или потреби, а всушност, не го интересира тимот, има големи шанси тој/таа да ја наруши целата кохезија на тимот, што неминовно доведува до намалена продуктивност, доцнење во исполнување на задачите и обврските и на крај распаѓање на тимот.

Затоа, „црвот во јаболкото“ треба да го најдете веднаш, затоа што што подолго е во „јаболкото” толку повеќе другите членови ќе бидат фрустрирани и незадоволни. Еве ви неколку сигнали за „црвот во јаболкото“:

  • Негативизам – кога се зборува или се критикуваат други, нема проблем, но кога ќе се говори или критикува проблематичната личност, тогаш настануваат проблемите. Критиката знаат да ја претворат во негативно и тој негативизам да го рашират и кај другите колеги кој ако не го забележите навреме, може да се направи голем проблем.
  • Намалување продуктивност – овие луѓе знаат да поминат низ животот многу лесно со тоа што прават онолку колку што мислат тие дека треба да прават, но не и малку повеќе од тоа. Не можеш да им се налутиш затоа што не прават ништо лошо, но од друга страна, пак, не можеш ни да ги пофалиш. Со тек на време, тоа однесување преминува и кај другите членови на тимот – што бе, јас да не сум глуп што волку работам?
  • Озборување – да бидеме реални, сите ние озборуваме и во зависност од мерките, тоа може да биде конструктивно и да доведе до зголемување на продуктивноста. Но преголемо озборување веќе знае да биде и контрапродуктивно и да ги насочи членовите на тимот еден против друг. Тоа е целта на овие личности.
  • Нестручни мили луѓе – мили и фини, секогаш од помош за другите, но најчесто за небитни работи, а кога се работи за работа, тие се тотално нестручни или едноставно не се за таа работа. Колку пати да им објаснувате за нивните задолженија или да ги едуцирате, едноставно работите не ги извршуваат како и кога треба.
  • Однесување – однесувањето кај овие луѓе е различно од оние кај другите. Цело време нешто се бунат, цело време нешто бараат, цело време мислат дека нешто е против нив… но и добиваат на крај сето она за што се бунеле, независно дали се во право или не. Тоа, пак, предизвикува незадоволство кај другите колеги.

Иако ги наведовме некои од сигналите, верувајте, не е едноставно ниту лесно да го најдете „црвот“. Но, кога веќе некои од горенаведените параметри ви се на повидок, тогаш сте многу блиску до идентификацијата. И веќе кога сте го нашле имате две опции: или да го отстраните или да пробате да го вклучите во системот:

  • Претпоставки – многу често донесуваме претпоставки за нечии постапки иако имаме недостаток од информации иако сите знаеме дека претпоставките се почетокот на секој проблем. Затоа, немојте да претпоставувате, туку убаво истражете ја ситуацијата и најдете ја причината.
  • Разговарајте – секој разговор може да доведе до решение на проблемот. Само со разговор нема да донесувате претпоставки туку сето она што го имате заклучено ќе биде врз основа на вистински информации, информации од „прва рака“.
  • Вклучување – најдете го интересот и искористете максимум од него. Вклучете го во тимот доколку има можност.
  • Ревизија – направете ревизија на очекувањата од личноста, но и од целиот тим. Дефинирајте ги убаво улогите на секого во тимот.
  • Промени во мотивација – идентификувајте ги новите можности за мотивација. Можеби она што до сега било мотивација, веќе не е, па е потребна промена.

 

Со успех во промените,

@kalin.babusku

Член на тимот

МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ Консалтинг

www.macedonia-consulting.com

www.macedonia-export.com

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Tip of the week: Управување со емоциите

    Tip of the week: Управување со емоциите

    Не треба да се мистифицираат емоциите, туку да се демистифицираат своите реакции! Управувањето со емоциите е предуслов за квалитетен однос на работа, во фамилијата, со…

  • Tip of the week: Страв од успехот на другите

    Tip of the week: Страв од успехот на другите

    Успехот е многу убава работа и секој од нас си го посакува. Но успехот кај другите е интересна појава. Тој предизвикува еден вид страв, страв…

  • Tip of the week: Здраво за готово

    Tip of the week: Здраво за готово

    Цело време не учат дека треба да ги почитуваме другите, да бидеме внимателни и да им помагаме. Но многу пати се случува таа добрина да…

  • Tip of the week: Континуирано подобрување

    Tip of the week: Континуирано подобрување

    Постои една јапонска техника (методологија) што ја користат тамошните компании (но и други светски системи) во нивното организациско работење, со цел развој и континуиран прогрес,…

  • Tip of the week: Која е вашата боја?

    Tip of the week: Која е вашата боја?

    Вчера, во разговор со една драга другарка, помеѓу сите безвременски теми и приказни што ги разговаравме, ми раскажа една ситуација која ја памети од детството,…

  • Tip of the week: Прослави

    Tip of the week: Прослави

    Има многу причини за прослави. Тука се родендени, компаниски прослави, успеси, имендени итн. Прославите се убава работа. Од друга страна, пак, сè помалку прославуваме. Не…

  • Tip of the week: Трема

    Tip of the week: Трема

    Пред некој ден бев на концерт, во изведба на една млада група музичари. Неколку од нив изведоа повеќе кратки дела. Интересно беше да се забележи…

  • Tip of the week: Хаос на маса

    Tip of the week: Хаос на маса

    Велат дека каква ти е работната масата таков ти е карактерот. Ако е така, тогаш ова што ви го пишувам баш и не ми иде…

  • Tip of the week: Краток текст

    Tip of the week: Краток текст

    „Го напишав ова писмо подолго од вообичаено, затоа што немам време да го напишам пократко”                    …

  • Tip of the week: Неспиење

    Tip of the week: Неспиење

    Според некои статистики, на човековиот организам, за да функционира нормално,  потребно му е од 6 до 8 часа спиење во текот на ноќта, а не…