20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗJeep Compass доаѓа и во Европа (фото)

Jeep Compass доаѓа и во Европа (фото)

Американскиот производител „Jeep“ го претстави својот модел „Compass“ за европскиот пазар. Семејниот кросовер, создаден според барањата на Стариот континент, ќе се нуди во 4 нивоа на опрема- „Sport“, „Longitude“, „Limited“ и „Trailhawk“. Ќе бидат достапни и 4 различни мотори.

Стандардниот мотор е бензински 1,4-литарски турбо, кој ќе се нуди со 140 и 170 КС и во комбинација со 6-брзински мануелен менувач. Достапни се и два дизел агрегата- 1,6-литарски со 120 КС и 2.0-литарски со 140 или 170 КС. Само за последниот како опција ќе се нуди со 9-степен автоматски менувач.

Предвидена е и понуда на 2,4-литарски бензински мотор со 150 или 184 КС, кој сепак би се користел само за пазарите во Русија, Африка и Блискиот Исток.

Клиентите на „Jeep“ ќе можат да избираат и меѓу два 4×4 системи: „Jeep Active Drive“ и „Jeep Active Drive Low“. И двете се опремени со неколку различни начини: „Auto“, „Snow“, „Sand“ and „Mud“, како и „Rock mode“. Последниот е компатибилен само за највисокото ниво на опрема – „Trailhawk“.

Очeкувањето е независно, благодарение на архитектурата развиена од „FCA“. Освен тоа шасијата содржи 65% армиран челик, осигурува поголема цврстина, безбедност и динамика.

Во ентериерот главната карактеристика е информативниот дисплеј, кој е достапен во три различни големини. Таблата со инструменти е целосно виртуелна, а располага со „LED“-екран.

Првите европски земји, во кои ќе се продава новиот „Compass“ ќе се Италија, Германија, Франција, Шпанија, Австрија, Белгија, Швајцарија и Полска. Постепено „Jeep“ ќе достави модели и во останатите пазари

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП