28 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSony продаде повеќе од милион PlayStation VR уреди

Sony продаде повеќе од милион PlayStation VR уреди

„Sony“ го лансираше во октомври 2016-та уредот „PlayStation VR“, како додаток за конзолата „PlayStation 4“. Продажбата на овој уред денес ја надмина бројката од милион продадени примероци, и компанијата овој успех го нарече „добар старт“.

Во финансискиот извештај, компанијата понуди информации за продадениот хардвер. „PlayStation 4“ досега е продаден во речиси 60 милиони примероци, а од ноември секој продаден уред е „PlayStation 4 Pro“. Милион продадени „VR“ уреди, е многу повеќе од ривалите, „HTC Vive“ и „Oculus Rift“.

Џим Рајан од „Sony“ изјави дека е „заинтригиран“ од моменталната позиција на „PlayStation VR“ уреди, но со огледа дека постои база од речиси 60 милиони „PlayЅtation 4“ конзоли, еден милион е сепак малку.

На „E3“ саемот во текот на следната недела, исто така очекуваме големо објавување на „Sony“ компанијата кога станува збор за „VR“ уреди и идните содржини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП