23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеркел: Преговори за Брегзит веднаш по изборите

Меркел: Преговори за Брегзит веднаш по изборите

Преговорите за излегување на Британија од Европска Унија ќе почнат набрзо по парламентарните избори во таа земја, изјави германската канцеларка Ангела Меркел.

„Не можеме однапред да судиме за резултатот од гласањето во Британија“, рече Меркел одговарајќи на прашањето како гледа на вонредните избори кои утре ќе бидат одржани во Британија, пренесува Ројтерс.

Како што потсети канцеларката, одлуката за излегување на Британија од ЕУ е донесена.

„Работиме врз основа на тоа што ни го напиша премиерката Тереза Меј. Мислам дека преговорите ќе почнат брзо по изборите“, заклучи Меркел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП