28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМојс го напушта Евертон и се сели кај новиот шампион

Мојс го напушта Евертон и се сели кај новиот шампион

Moyes

Англискиот премиерлигаш Евертон на својата официјална интернет страница објави дека менаџерот Дејвид Мојс ќе го напушти клубот на крајот на сезоната. „Сините“ од Ливерпул исто така открија дека започнале да бараат негов наследник.

Според информациите вчера Шкотланѓанецот имал средба со претседателот на Бил Канрајт и му ја обелоденил својата желба да го преземе Манчестер Јунајтед.

Евертон му се заблагодари на Мојс за неговата работа во клубот од март 2002-та година до сега. Тој го водеше тимот од „Гудисон Парк“ во повеќе од 500 натпревари, вклучувајќи ги и четирите сезони кога настапија во европските натпреварувања.

Неговите последни два натпревари на челото на Евертон ќе бидат против Вест Хем на домашен терен кога ќе се збогува со неговите сега веќе поранешни симпатизери и во последното коло на гостувањето кај Челзи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП