29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНови технологии ќе дебитираат кај Audi Q8 и A8

Нови технологии ќе дебитираат кај Audi Q8 и A8

Новиот флагмански теренец на компанијата „Audi“, кој ќе се нарекува „Q8“, како и следната генерација на седанот „A8“, ќе добијат технологии кои досега не се искористени од моделите на германскиот производител.

Станува збор за целосно дигиталниот Инструмент-панел „Virtual Cockpit“ од новата генерација. Големината на неговиот екран ќе остане на досегашните – 12,3 инчи, но продолжувањето ќе се зголеми. Освен тоа поголем дел од функциите ќе се управува од допир – како кај новиот „Range Rover Velar“.

И двата модели ќе користат микро-хибридни технологии. Електричните мотори ќе обезбедуваат движењето на автомобилите при ниски брзини и ќе помагаат при забрзувањето. Седанот и теренецот ќе добијат турбини со електрична енергија, кои ќе обезбедат подобро разработување при ниски вртежи.

Концептниот предвесник на „Q8“ беше прикажан на автосаемот во Детроит во јануари, а во март се појави и спортска верзија на прототипот кој беше опремен со хибриден агрегат, кој развива 476 КС. Седанот „A8“ за возврат ќе биде претставен на саемот во Франкфурт, каде што исто така ќе ја видиме предсериската опција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП