18 април, 2024
ПочетнаДИЕТИДиета погодна за љубителите на риба

Диета погодна за љубителите на риба

Рибата е богата со протеини, таа е нискокалорична и лесно сварлива храна. Бескрајно корисно и здрава е во секое време од годината. Оваа диета е лесна и корисна, а особено ќе им одговара на љубителите на риба.

Диетата се држи 2-3 дена неделно, во тек на 4 недели, а во останатите денови исхраната е нормална и избалансирана. Очекуваното слабеење изнесува околу 1-2 кг неделно. Вкупно за целиот период ќе намалите околу 4-6 кг.

Пример за дневно мени:

Појадок:

1 варено јајце (или 50 г младо кравјо сирење)

1 тенко парче пченкарен леб

1 чаша билен чај без шеќер

Ручек:

300 грама варена риба (варена, печена или обарена без масти)

1 средно јаболко

1 чаша билен чај без шеќер

Вечера:

200 грама варена риба (приготвена без масти)

1 јаболко или друго овошје (освен банани)

1 чаша билен чај без шеќер

Освен задолжителниот лимон со кој ќе ја зачините рибата рибата, не заборавајте ги и зачините. Скушата е вкусна кога е зачинета со црн пипер, магдонос и босилек.

Пастрмката оди со ловоров лист, коријандер и лук. Белата риба зачинете ја со кромид и црвен пипер, а лососот само со лук. Рибата подготвена во фолија е најароматична.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП