28 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАТрите клучни навики кои успешните шефови ги имаат се всушнoст многу едноставни

Трите клучни навики кои успешните шефови ги имаат се всушнoст многу едноставни

Според најновата американска анализа која го вклучува деталниот увид во менаџерското водење на работата е објавена под насловот „State of the American Manager Report“, и во неа видливо е како најосновната потреба на вработените е всушност „јаснотијата“ на вашите очекувања.

Истражувањето опфати 2,5 милиони менаџери и 27 милиони вработени во 195 земји.

Со оглед дека на работниците најважно им е работите, како што тврди истражувањето, да им бидат јасни, ова се трите клучни навики кои успешните шефови би требало да ги имаат во односот кон вработените.

1. Помагање

На вработените им треба помош, но на начин на кој тие најдобро ќе бидат упатени во работата со цел најдобро да ги сфатат своите одговорности. Задачите на работниците многу се поголеми околку што пишува во описот на работата.

2. Разговори

Успешните манџери не им зборуваат на работниците само за она што се очекува од нив, туку разговараат и за нивните одговорности и напредокот во работата. Таквите разговори не се одвиваат само еднаш годишно, туку почесто.

3. Разбирање

Задачата на добриот менаџер е да ги запознае вработените со нивната работа, но и со тоа како таа работа се вклопува со работите на другите вработени во тимот. Тоа е толку важно бидејќи често околностите околу разни работи се менуваат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП