29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗToyota останува најскапата автомобилска марка

Toyota останува најскапата автомобилска марка

Јапонскиот производител „Toyota“ останува најскапата автомобилска марка во светот. Ова покажува истражувањето на британската компанија „Millward Brown“ и на рекламната агенција „WPP“, која вклучува над 100 брендови од различни бранши.

Компанијата ја задржува својата позиција од 2016-та година меѓу автомобилските марки, но паѓа за 2 места во вкупниот пласман, каде веќе е на 30-та позиција. Со 3% се намалила и пазарната вредност на „Toyota“, која според експертите таа веќе е 28,6 милијарди долари.

На второ место меѓу автомобилските брендови е „BMW“, чија вредност се проценува на 24,5 милијарди долари (-2% во споредба со 2016-та година). Во заедничката листата баварците бележи пад надолу од 33-та на 35-та позиција. По нив е Mercedes-Benz (23,3 милијарди, + 1%), како бренд се искачи горе и од 44-то место е на 40-тото меѓу сите компании.

Четвртата позиција кај автомобилите е за „Ford“, кој е на 88-то место во вкупната оценка. Брендот е оценет на 13 милијарди долари. Следува „Honda“ – 12,1 милијарди и 91-во место во вкупното рангирање. Во првата стотка е и „Nissan“, кој е проценет на 11,3 милијарди долари, а кај Јапонците падот е за 1%.

Надвор од Топ 100 остануваат „Audi“ – 9,4 милијарди долари, „Tesla“ – 5,9 милијарди долари, „Land Rover“ – 5,5 милијарди долари, „Porsche“ – 5,1 милијарди. Сепак, треба да се напомене дека „Tesla“ се придвижи за цели 32 места напред во споредба со минатата година.

Најскапите брендови во светот повторно се поврзани со компјутери и високи технологии. На првата позиција е „Google“ – 245,5 милијарди долари, следен од „Apple“ – 234,6 милијарди долари и Microsoft – 143,2 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП