23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗаев: Парите ќе се насочуваат кон граѓаните

Заев: Парите ќе се насочуваат кон граѓаните

Првите задачи на новите министри ќе биде да истражат колку пари се потрешни во вид на државна помош, за субвенционирање на странските инвеститори, рече премирот Зоран Заев.

Тој посочи дека новата Влада првично ќе се заложи да овозможи клима за домашните инвеститори, а ќе бидат добре дојдени и странските.

„Сметам дека успешна јавна власт е онаа која што ќе успее соберените пари да ги изменаџира на тој начин што ќе ги врати кон граѓаните. Ние имаме цел парите веднаш да ги враќаме кон граѓаните. Знаеме дека нема да биде лесно. Затоа што Македонија е алартмантно задолжена, може да има и скриени долгови, тоа допрва треба да го истражиме. Колку што имам информација во буџетот нема 130 милиони евра, туку само 6„ рече Зоран Заев.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП