28 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКоја е тајната на успешните семејни бизниси?

Која е тајната на успешните семејни бизниси?

Сигурно имате слушнато за компании како што се „Black&Decker“, „WalMart“…итн. Но сигурни сме дека не знаевте дека овие компании се семејни компании. Овие компании функционираат како семеен бизнис во повеќе генерации.

Како и секој вид на бизнис и семејниот бизнис има свои позитивни и негативни страни. Позитивните се перспектива на бизнисот, континуитет, долгорочна стабилност, лојалност и поголема подготвеност да се жртвува за бизнисот.

Лошите страни се тие што сопствениците на семејниот бизнис, не можат во голема мерка објективно да ги согледаат позитивните и негативните страни на бизнисот, непотизам…итн.

Семејните бизниси најдобро се развиваат до третата генерација. До тогаш тие бизниси се се уште мали. Но од кога ќе се развијат и прошират, често пати доаѓа до делењето на бизнисот – создавање на нови бизниси од страна на членовите на фамилијата. Ретки се примерите каде бизнисот е веќе во шестата генерација.

Која е стратегијата за да се одржат семејните бизниси? Еден од сопствениците на семејната компанија „Rugg Manufacturing Co“ се обиде да ја објасни тајната на нивниот успех. Според него, последните две генерации се соочија со големи проблеми во работењето на компанијата. Имено тие во 1989 беа пред банкрот. Што ги спаси од банкротот? Ова се нивните совети:

Прво што направија е идентификување на слабите страни на компанијата. Вториот чекор беше преземање на мерки кои требаа брзо да ги елиминираат слабите страни на компанијата. Проблемот на компанијата беше недостиг на стратешки планови, застарена технологија, недостиг на парични средства….

Покрај овие проблеми, еден од главните проблеми беше и неадекватното управување со паричните средства. Голем дел од заработените пари беше пренасочуван во пензиските фондови а помал дел во развој на самата компанија.

Компанијата направи тотален пресврт во своето работење. Прво голем дел од заработените пари почнаа да се вложуваат во самиот развој на компанијата. Се вложи во модернизација на самата компанија – нова техника и технологија, нов софтвер за сметководство, а вработените се обучија да имаат поголема доверба и поголема комуникација и конечно компанијата за прв пат донесе стратегија за развој. Акцентот е ставен на формирање на посебни деловни тимови како и на константна едукацијата на вработените.

Резултат на стратегијата? Во наредните 7 години компанијата оствари раст од 30%.

Применети ги овие примери во вашиот семеен бизнис доколку се соочувате со некакви потешкотии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП