28 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИГрафик на денот: Идната 5G револуција

График на денот: Идната 5G револуција

Во денешно време мобилните интернет конекции, го користат стандардот „4G“, веќе се многу побрзи од интернет конекција на многу луѓе дома, коментира „Statista“. Она што беше незамисливо во раните денови на мобилниот интернет, денес е реалност.

Стриминг видео во „HD“ формат или симнување на музика, апликации и игри без „wifi“ конекција не е проблем при денешните безжични мрежи. Сега, кога „4G“ е нешто нормално, следната револуција во безжичните врски веќе се гледа на хоризонтот: „5G“.

Стандардот „5G“ ќе донесе уште едно значително забрзување на брзината на мобилните податоци и водечките компании во индустријата веќе се подготвуваат за следниот чекор во мобилната комуникација. Претходно оваа година „Samsung“ покажа рутер со „5G“ конекција за домашни услови, кој наводно постигнува брзина до 4 гигабајти во секунда (т.е. 500 мегабајти во секунда). За да се замисли оваа врска, можеме само да се спомене дека просечната широкопојасна домашна брзина во САД била 17,2 мегабајти во секунда (2,15 мегабајти) во четвртиот квартал од 2016-та година, покажува „Akamai“.

„Apple“ очигледно исто така, работи на „5G“ технологија во лабораториите во Купертино. Молба за лиценца, поднесена во Федералната комисија за комуникации, излезе на виделина во минатата недела. Во неа „Apple“ сака експериментална лиценца кој и овозможува на компанијата да изврши тестови кои ќе „обезбеди инженерски податоци поврзани со работата на уредите во идните „5G“ мрежи на мобилните оператори“.

Колку далеку сме сепак од моментот во кој „5G“ мрежите ќе се претворат во реалност? Според проценки на „Ericsson“ ќе поминат најмалку 4 години пред новиот стандард да достигне значителен број луѓе. „Ericsson“ очекува светскиот број на „5G“ претплати да достигне 203 милиони. Во 2021-ва година и 545 милиони во 2022-ра година, „4G“ надмина 500 милиони претплатници во 2014-та година. Во моментов околу 2 милијарди лица во целиот свет уживаат „4G“ врска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП