25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоради протест на машинскиот персонал редуцирано сообраќање на возовите

Поради протест на машинскиот персонал редуцирано сообраќање на возовите

Машинскиот персонал во Македонски железници Транспорт ад Скопје од 7 часот изутрина не ги извршува работните обврски во знак на протест поради доцнењето на исплатата на платата и нејзино селективно зголемување на дел од вработените, изјави Душко Чакаровски претставник на Машинскиот персонал.

Вработениот бараат исплата на вториот дел од априлската плата и плата за мај како и изготвување на правилник за вреднување на работните места.

Според Чакаровски, денеска ќе бидат пропуштени само возовите за Битола во 14 часот и за Гевгелија во 16.55 часот, како и меѓународните Белград-Скопје-Солун, како и Солун-Скопје-Белград.

Доколку во меѓувреме не се постигне договор со раководството на компанијата и ресорното Министерство за транспорт и врски од утре ќе се пропушта само експресниот воз Белград-Скопје-Солун, изјави Чакаровски.

Според него зад прекинот на работата не стои синдикатот, туку претставници на целокупниот машински персонал.

Машинскиот персонал во МЖ Транспорт ад Скопје го сочинуваат 90 машиновозачи и околу 50 помошници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП