19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGM ќе гради фабрика во Кина вредна една милијарда

GM ќе гради фабрика во Кина вредна една милијарда

kinaagm

„General Motors“ доби одобрување да ја гради една милијарда вредната производна фабрика во Кина во која ќе се прави нивниот бренд „Cadillac“. Кинеската национална комисија за развој и реформи го потпиша договорот со компанијата „GM“ и планот за изградба на фабрика во зоната на Шангај.

Се очекува изградбата на новата фабрика да започне во јули оваа година, додека според извештаите оваа фабрика кога ќе работи со полн капацитет ќе може да произведува и до 150.000 возила на годишно ниво.

Нова не беше никакво изненадување затоа што „Cadillac“ сака да продава многу повеќе возила на територијата на Кина, што не беше случај во претходните години.

За споредба минатата година „Cadillac“ продаде само 30.010 возила во Кина, но според проценките на компанијата во оваа земја има многу поголем капацитет и потенцијал да се купуваат автомобили на „Cadillac“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП