24 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРА5 потези со кои ќе го импресионирате потенционалниот работодавец

5 потези со кои ќе го импресионирате потенционалниот работодавец

Работодавците поминуваат многу време во процесот на вработување. За тоа време гледаат лоши, но и добри примери за однесување на интервјуто за работа.

Ако се концентрираме на добрите, ќе видиме дека всушност станува збор за мали гестови и правила на однесување до кои би требало да се држите.

Ви претставуваме пет потези кои ќе ви помогнат да оставите одличен впечаток…

Презентирајте се на добар начин

Независно од тоа во кој вид на компанија доаѓате, секогаш држете се до некои правила – појавете се малку порано, професионално облечете се, бидете љубезни кон сите и подгответе примерок од вашето CV.

Водете ситни разговори со сите

Тоа ќе ви помогне да се прикажете како пријатно лице во чие присуство е пријатно. Исто така, ќе му помогне на работодавецот да увиди дали одговарате на корпоративната култура на компанијата.

Покажете кој е вашиот вистински интерес

Пречесто на интервјуто за работа се слушаат одговори „Сметам дека ова е одлична прилика за учење“ или „Многу ќе научам на ова работно место“. Кажете ја вистинската причина зошто го сакате ова работно место. Истакнете ги и начините на кои можете да и помогнете на компанијата.

Направете претходно истражување

Класичното подготвување за интервју подразбира дека сте ја провериле историјата на компанијата, производите кои ги нуди, целите и стратегијата. Но не мора да застанете на тоа. Истражете ја последната вест за компанијата, кои се нејзините најголеми конкуренти, по што се разликува. Факт е дека вака ќе покажете дека сте заинтересирани.

Заблагодарете се

Овој совет можеби е логичен, но многумина тоа не го прават. Многу работодавци тоа го сметаат за непристојно. Да искажете мала благодарност не одзема многу време, а може да ви донесе голема корист.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП