20 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИAsus го претстави најтенкиот лаптоп во светот (видео)

Asus го претстави најтенкиот лаптоп во светот (видео)

Компанијата „Asus“ го претстави својот нов модел на преносен компјутер „ZenBook Flip S“, најтенкиот лаптоп во светот.

Неговата дебелина изнесува само 10,9 милиметри. Додека димензиите на еден од пазарните конкуренти, моделот „HP Spectre x360“ изнесува 13,8 милиметри, додека кај моделот „MacBook Air“ таа димензија е 17 милиметри.

Најновиот лаптоп на „Asus“ ја има седмата генерација на процесорот „Intel Core i7-7500“. „Flip S“ го користи оперативниот систем „Windows 10“ и има целосна поддршка за пенкалото – „Windows Ink“.

Компјутерот има безбедносен сезнзор за оптечаток на прстот, 4K eкран со дијагонала од 13,3-инчи и две „USB Type-C“ порти.

„ZenBook Flip S“ може да се отвора т.е. да се преклопува до агол од 270 степени. Тежок е 1,1 килограм и е достапен во сина и златна боја.

Уредот ќе се продава по цена од 1.099 долари.

Покрај овој, „Asus“ претстави уште четири лаптоп модели: „ZenBook 3 Deluxe“, „ZenBook Pro“, „VivoBook S“ и „VivoBook Pro“.

Најдостапниот е „VivoBook S“ чија цена изнесува 499 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП