28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСтопанска банка АД - Скопје ќе дели 127 денари бруто дивиденда по...

Стопанска банка АД – Скопје ќе дели 127 денари бруто дивиденда по акција

За фискалната 2016 година, Стопанска банка АД – Скопје оствари добивка по оданочување во износ од 2.239.791.560,00 денари.

Собранието на акционери на Стопанска банка АД – Скопје, на седницата одржана на 30.05.2017 година, донесе одлука за исплата на дивиденда за обични акции во вкупен бруто износ од 2.217.442.860,00 денари.

Бруто дивидендата по акција изнесува 127,00 денари.

Датум на евиденција, според кој се определува листата на акционери кои имаат право на дивиденда, односно датум на пресек на акционерската книга е 15.06.2017 година.

Последен ден на тргување со право на дивиденда е 12.06.2017 година.

Прв ден на тргување без право на дивиденда ќе биде 13.06.2017 година.

Исплатата на дивиденда ќе започне од 30.06.2017 година.

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП