24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМиро Церар потврди дека приватизацијата на НЛБ продолжува

Миро Церар потврди дека приватизацијата на НЛБ продолжува

Словенечкиот премиер Миро Церар потврди во вторник дека министерката за финансии Матеја Враничар Ерман во понеделник му понудила оставка заради можните компликации во постапката за приватизација на Нова љубљанска банка(НЛБ), но дека оставката не ја прифатил, а приватизацијата ќе продолжи.

Церар на прес конференција рече дека владата не го прифатила предлогот на министерката.

Словенија на потенцијалните инвеститори во НЛБ им даде гаранции дека нема да ги погоди евентуалниот резултат на тужбите на таканареченото пренесено девизно штедење на Љубљанска банка, кои се водат пред хрватските судови, што според оценките на посматрачите би можело да го намали интересот на инвеститорите или би ја намалило цената која би можела да се добие за НЛБ.

Министерката затоа од принципиелни причини понуди оставка за која немаше причина, па ја одбив, рече Церар и додаде дека приватизацијата на банката ќе продолжи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП