29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИFacebook го купува Waze за една милијарда

Facebook го купува Waze за една милијарда

waze-logo1

„Facebook“ очигледно планира да ги прошири своите услуги затоа што имаат започнато преговори околу купувањето на израелскиот „startup Waze“, кој нуди бесплатна мобилна навигација. Според информациите најголемата друштвена мрежа за купувањето на „Waze“ ќе одвои помеѓу 800 милиони и 1 милијарда долари.

Преговорите започнаа пред шест месеци, а моментално се спроведува проценката на компанијата.

„Waze“ го користи сигналот од телефонот на корисникот за што подобро да ја прикаже локацијата на картата и информациите за сообраќајниот метеж. Корисниците можат сами да пријават незгода, да повикаат полиција, да објават каде има метеж на патот, а со тоа навигацијата им овозможува полесно движење на останатите корисници.

Од „Waze“ одбија да ги коментираат овие информации, но тие уште vo октомври потпишаа соработка со „Facebook“. Тогаш на корисниците им овозможија да го споделат нивното возење со своите пријатели на „Facebook“. Се очекува ова да биде третата аквизиција на „Facebook“ која доаѓа од Израел, откако за 70 милиони долари го купија „Snaptu“, a за 60 милиони „Face.com“.

„Waze“ за една година за трипати го зголеми бројот на корисници на повеќе од 45 милиони, а само во март 1.5 милиони луѓе ја симнале нивната апликација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП