25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИNintendo повторно ќе го зголеми производството на Switch

Nintendo повторно ќе го зголеми производството на Switch

Не е тајна дека јапонската технолошка компанија „Nintendo“ се соочува со огромна побарувачка на својата нова конзола „Switch“, при тоа до таков степен што се зборува дека компанијата го дуплираше производството, за да одговори на очекувањата. Но, дури овие бројки може да се покажат недоволни, пишува „Engadget“.

Извори на „Financial Times“, кои се дел од синџирот на снабдување на компанијата, тврдат дека „Nintendo“ го зголемила производството на „Switch“ до 18 милиони примероци за тековната фискална година, која завршува во март 2018-та година. Ова е со 2 милиони повеќе во однос на податоците кои се појавија во „Wall Street Journal“.

Која е причината за сето тоа?

Се тврди дека целта е да се спречат разочарувања на корисниците за време на празниците. „Nintendo“ не сака да почне да го  продава „Super Mario Odyssey“ во ноември, без да има системи кои можат да ја пуштат играта.

Конзолниот гигант официјално се придржува кон целта за продажба на 10 милиони уреди во текот на истиот период. Сепак голем број аналитичари веруваат дека компанијата намерно е недооценета цел за меѓународна продажба.

„Nintendo“ можеби не сака да ветува премногу и да ги остави инвеститорите разочарани ако се појави проблем со снабдувањето или изненадувачки пад на побарувачката.

Ако податоците се точни, сепак, укажуваат дека „Nintendo“ ќе треба да продолжи да ги зголемува своите внатрешни податоци за производството, додека сфаќа дека „Switch“ станува вистински хит.

Ова се добри вести за играчите, бидејќи ги зголемува шансите да најдат „Switch“, како и ги поттикнуваат развивачите на игри да вложуваат повеќе на овој систем.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП