24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПОЦ: Да се поништи неизградената катна гаража кај „АвтоМакедонија“

ПОЦ: Да се поништи неизградената катна гаража кај „АвтоМакедонија“

Директорот на скопското јавно претпријатие „Паркинзи Општина Центар“ Саша Богдановиќ поднел барање до надлежните институции за поништување на купопродажниот договор за парцелата кај „Автомакедонија“ во строгиот центар на Скопје, предвидена за изградба на барокна катна гаража. Новиот објект, според најавите, предвидено е да биде висок 29 метри, односно да има приземје и осум ката.

„Сметам дека со ова ќе се спречи реализирањете на овој план од претходната Влада и претходното раководство во локалната самоуправа, со што ќе се стави крај на дивеењето на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Центар, а пред се ќе се заштити интересот на граѓаните. Ние, заедно со граѓаните во изминатите години водевме борба за да се зачува парцелата и да биде во служба на граѓаните. Сметаме дека новата Влада, новите институции ќе ги превземат одговорностите, ќе превземат чекори со кои ќе се поништат сите спорни купопродажни договори, вклучувајќи ја и продажбата на земјшитето на Никофон“, рече директорот Богдановиќ.

Директорот на Паркинзи Центар потсети дека за овој случај веќе се поднесени кривични пријави за сите акти спротивни на законот кои се резултат на заедничката борба на јавното претпријатие и граѓаните.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП