29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАMoody's: Реформите во Кина ќе ја забават акумулацијата на долгот, но нема...

Moody’s: Реформите во Кина ќе ја забават акумулацијата на долгот, но нема да го запрат

Структурните реформи во Кина ќе ја забават акумулацијата на долгот, но нема да се доволни за да го запрат, коментираат претставници на агенцијата за рејтинг „Moody’s“, цитирани од „Ројтерс“. Поради тоа е можно уште едно намалување на кредитниот рејтинг, ако Пекинг не ја совлада зголемената задолженост.

Агенцијата ја намали оценката на суверениот долг на Кина до „А1“ претходно во оваа недела. Аргументот е дека силата на втората по големина светска економија се очекува да се влоши во текот на идната година поради постојаното натрупување на долгови.

Кога „Moody’s“ ја објави одлуката, агенцијата ја промени и перспективата од „негативна“ на „стабилна“, што значеше дека не се очекуваат промени во кредитниот рејтинг во блиска иднина.

Властите во Кина го критикуваа намалувањето на рејтингот, и рекоа дека тоа се базира на несоодветна методологија која ги преувеличува тешкотиите пред економијата и ги потценува напорите за реформи.

Во одговор на тоа Мари Дирон која е висок претставник на „Moody’s“, во петокот рече дека агенцијата го поддржува планот за реформите преземени од кинеските власти за справување со ризиците од нагло зголемување на долгот. Сепак од „Moody’s“ сметаат дека реформите може да го забават темпото, со кое долгот се зголемува, но нема да се доволни за да го запрат овој тренд. „Поради тоа нивото на задолженост нема да се намали драматично“, посочува Дирон.

Според неа економското заздравување од крајот на минатата година се должи главно на стимулансите. Дирон очекува Пекинг да продолжи да се потпира на тоа да го стигнат целното ниво на растот за оваа година, што пак ќе ја зголеми задолженоста.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП