29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСпортската единица на LeEco ја заврши новата рунда на финансирање

Спортската единица на LeEco ја заврши новата рунда на финансирање

Спортската единица на кинескиот технолошки конгломерат „LeEco“ ја заврши новата рунда на финансирање, која го оцени на 24 милијарди јуани (3,5 милијарди долари). Покрај тоа, компанијата соопшти дека нејзините инвеститори ќе создадат нова комисија која ќе ги контролира нејзините финансии, пренесува „Ројтерс“.

Во моментов „LeEco“ се бори со финансиската криза, предизвикана од агресивната експанзија, па затоа ги реструктуира своите операции и скратува работни места.

Единицата „LeSports“ – платформа за спортски содржини, не открива за колку големо финансирање станува збор во рамките на последниот круг.

Во април минатата година групата изјави дека „LeSports“ свртела 1,2 милијарди долари финансирање во круг, воден од „HNA Capital“, дел од кинеската „HNA Group“.

Инвеститорите, вклучувајќи ги „HNA Capital“, ќе го формираат новиот финансиски совет за стратешки одлуки, секојдневен надзор и финансиска контрола, се вели во соопштението на веб-страницата на „LeSports“.

Последните малку над 10 години, бизнисот на „LeEco“ се протега од видеостриминг за телевизори, во смартфоните, спортовите и дури електрични уреди, иако оваа брза експанзија го зголеми недостигот на пари во кеш на компанијата во минатата година. Така таа се најде во ситуација во која има потреба од свеж капитал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП