24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКипар очекува поголем економски раст, лошите кредити сè уште се голем проблем

Кипар очекува поголем економски раст, лошите кредити сè уште се голем проблем

Се предвидува дека економскиот раст на Кипар ќе забрза од овогодишните 2,8 проценти на околу 3,0 проценти годишно во наредните две години.

Кристал Георгаџи, гувернерката на централната банка на оваа островска земја во годишниот извештај наведе дека овие позитивни изгледи се должат на растот на туризмот, силната побарувачка на потрошувачите, инвестициите и извозот, пренесува агенцијата АП.

Според нејзините зборови, се проценува дека невработеноста ќе падне за речиси два процентни поени во 2017 година, на 10,7 проценти, и понатака на 8,8 проценти во 2018 година.

Георгаџи оцени дека ризик по економскиот раст претставува потенцијалното влијание од британскиот излез од Европската унија, како и бавното намалување на огромниот број на лоши кредити во вкупните кредити на островот, отколку што се очекуваше.

Таа смета дека и покрај релативно силните проекции за економскиот раст, решавањето на проблемите со лошите кредити во банкарскиот сектор може да потрае и цела деценија.

Речиси половина од тие заемји на Кипар се проблематични, што доведе до банкарска криза во 2013 година која ја принуди земјата да го склучи тригодишниот, повеќе милијарди вреден договор за спасувачки пакет помош, со партнерите од еврозоната и ММФ.

Георгаџи соопшти дека се прогнозира раст на инфлација на Кипар од 0,9 проценти оваа година на 1,5 и 1,6 проценти во идните две години, респективно, пренесува американската новинска агенција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП