29 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИЕвтин паметен часовник со подобар процесор и перформанси (видео)

Евтин паметен часовник со подобар процесор и перформанси (видео)

По моделот „G8“, производителот No.1 ќе лансира нов модел на паметен часовник кој ќе го нарекува со логично име „G9“. Станува збор за значително подобрен уред.

„G9“ е првиот паметен часовник на оваа компанија кој ќе има „GPS“ технологија за следење на движењето. Голем новитет е новиот „MTK 2502“ процесор кој ќе може да работи во два режими, „Phone“ и „Tethering“.

Тој чип поддржува „SIM“ картичка, па така корисникот може да се јавува од самиот часовник или преку „Bluetooth“.

Друга важна особина на овој часовник се фитнес опциите, па така со нив може да се мери отчукувањето на срцето, спиењето и слично. Тука се и известувањата кои може да се добиваат од паметниот телефон.

Уредот сам по себе не е ништо посебно дизајниран, што е и негова предност. Сепак, несомнено станува за збор за корисен уред кој нема да има висока цена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП