24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА180.000 евра ќе потроши ЕЛЕМ за компјутери, печатари и скенери

180.000 евра ќе потроши ЕЛЕМ за компјутери, печатари и скенери

За сума од 11 милиони денари без ДДВ, или околу 180 илјади евра, АД Електрани на Македонија ќе набавува компјутерска опрема.

На Бирото за јавни набавки е објавен оглас за персонални и преносни компјутери, печатари, видео-проектори и скенери.

Критериум за доделување на набавката е најниската цена, а периодот за кој се однесува набавката е половина година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП