28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСакале или не, сите ќе мораат да го воведат еврото

Сакале или не, сите ќе мораат да го воведат еврото

Данска, но и останатите членки на ЕУ, можеби наскоро ќе бидат принудени да го воведат еврото.

Иако Данците на референдум веќе се изјаснија дека не го сакаат еврото, Европската комисија најверојатно ќе ја присили оваа скандинавска земја сепак да ја усвои оваа валута, пишуваат германските медиуми.

На виделина излегоа документи од минатонеделниот состанок во Стразбур, а во нив пишува дека Комисијата сака сите сегашни 27 членки на Унијата, да го усвојат еврото до 2025 година.

Официјалните претставници на ЕУ наводно ќе бараат буџетот да биде во согласност со еврото и да има фиксна даночна уплата од сите држави членки.

Меѓутоа, комесарот на ЕУ задолжен за еврото Валдис Домборовски, вели дека се е погрешно пренесено.

„Постојат некои забуни. Она за што ќе се расправа во наредниот период е каква ќе биде монетарната унија во иднина. Тоа не значи дека членките ќе мораат да го усвојат еврото. Не сме одредиле некои временски точки, но нормално дека ќе ги охрабруваме членките да се подготвуваат за неопходните мерки“, изјави тој.

Еврото го користат 19 членки од блокот. Деветте преостанати земји, вклучувајќи ја Бугарија, Хрватска, Чешка, Данска, Унгарија, Полска, Романија, Шведска и Велика Британија (во процес на Брегзит), не го користат еврото како национална валута.

Европската комисија наводно, би требало да одржи состанок за иднината на еврото наскоро. Како што пренесуваат медиумите, во документите јасно пишува дека е посакувана контрола над користењето на оваа валута.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП