19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСилен интернационален тим оваа година ќе работи со учесниците на кампот на...

Силен интернационален тим оваа година ќе работи со учесниците на кампот на Лазаров

На нешто помалку од еден месец до стартот на третиот камп на капитенот на македонскиот национален тим, Кирил Лазаров, се комлетира тренерскиот кадар кој и оваа година ќе ги пренесува своите искуства и знаења на повеќе од 300 дечиња од Македонија, Романија, Србија, Босна, Словенија, Шведска, Данска…

Горан Кузманосвски и Бранислав Ангеловски, македоснки репрезентативци со долг репрезентативен стаж и богата интернационална кариера од самиот старт на овој проект се фундаментален дел на нашиот камп, а така ќе биде и оваа година на терените пред хотелот „Аквалина“ во прекрасниот Охрид.

  • „Ова е трета година како ќе бидам дел од кампот на мојот голем пријател и колега од репрезентацијата, Кирил Лазаров и можам да кажам дека од самиот старт се пронајдов во работата со најмладите учесници на кампот. Кампот е навистина организиран на многу високо ниво, што покажува и интересот за истиот како во Македонија, така и во Романија од каде што и оваа година ќе присуствуваат повеќе учесници. До минатата година работев со млади категории во мојот клуб, Одорхеи, а оваа сезона водечките луѓе на клубот покажаа голема доверба кон мене, приклучувајќи ме во стручниот штаб на сениорскиот тим. Од пред неколку месеци сум и прв тренер на тимот.“ – изјави Горан Кузманоски за официјалната Веб страна на ракометниот камп „Кирил Лазаров 7“.

Бранислав Ангеловски со подршка за овој многу важен прокет на најдобриот десен бек на планетата:

  • “Идејата на Кире своето ракометно и животно искуство и искуството на сите ние кои инволвирани во ракометот долги години да се пренесе на оние кои доаѓаат на ракометната сцена е одлична и затоа уште од почетокот во 2015-та сум дел од самиот камп и се трудам максимално да се посветам на работата со нашите учесници. Долги години сум во ракометот и покрај моето искуство од играње во повеќе земји, последите години активно се подоготвувам и на теоретски план, а паралено работам со млади категории во клубот во кој моментално настапувам“.

Минатиот јуни Младен Ракчевиќ три дена беше гостин на Капитенот на кампот во Охрид и остави одличен впечаток во делот на индивидуалната работа со пивотите. Оваа година во тандем со соиграчот од Констанца, Ангеловски, ќе „држи“ смена на кампот и паралелно ќе работи со нашите учесници на неговата позиција на која владее со години.

  • „На кампот на Капитенот ќе обрнеме внимание на техниката, поставувањето, делот на обезбедување простор на линијата од шест метри, шутерска техника, а ќе работиме и на теоретскиот дел каде што ќе се обидам да ги пренесам искуставта акомулирани во текот на мојата кариера“ – големиот борец Ракчевиќ за Веб страната на кампот на Кирил Лазаров.

Екс-селекторот Владимир Глигоров има само пофални зборови за најголемиот спортки камп во државата:

  • „Кампот е идеално место каде што децата можат да добијат правилни информации во однос на тоа како треба да се однесува и живее еден спортист, како треба да се однесува спрема тренингот, тренерот и своите соиграчи. Можноста сето тоа да го слушнат и од веке проверени и докажани играчи кои настапуваат во репрезентацијата дополнително влијае за нивната мотивираност за тренинг и работа“.

Покрај Кузмановски, Ангеловски, Ракчевиќ и Глигоров на ракометниот камп „Кирил Лазаров 7“ во улога на тренери и демонстратори свој придонес ќе имаат и селекторот Борче Марковски, тренерот на дански Сондресјуске Оливера Кецман, данските тренери Нилсен и Барслев, македонските тренери во Шамбери (Франција) – Данило Брестовац и Борусија Дортмунд (Германија) – Наташа Коцевска,  тренерот на РК Прилеп Ице Соколески и двоецот од РК Аеродорм, специјалнизиран за млади категории, Дарко Петровски и Горан Стојков.

Се гледаме во Охрид!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП