19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВиенскиот аеродром „Швехат“ прогласен за најдобар во Европа

Виенскиот аеродром „Швехат“ прогласен за најдобар во Европа

Аеродромот „Швехат“ го доби признанието на „Airport Council International (ACI)“ за пружање услуги од извонреден квалитет во категоријата на европски аеродроми со промет од 15 до 25 милиони патници.

Ангела Гитенс, директорка на асоцијацијата која ја доделува наградата, ја врачи наградата на управата на виенскиот аеродром. На доделувањето присуствуваа градоначалникот на Виена, Михаел Хаупл, и бројни претставници на деловните партнери, институции и авиокомпании.

Наведено е дека виенскиот аеродром го препознал задоволството на патниците како приоритет и дека претставува значаен работодавач, двигател на економијата и средиште на авионскиот сообраќај. На виенскиот аеродром работат 20.000 службеници.

Наградата е изборена во конкуренција од 300 аеродроми во 84 земји во светот. Виенскиот аеродром спаѓа во 30-те најголеми аеродроми во светот. Минатата година овој аеродром ги пушти во употреба првите соларни системи кои со производство на еколошка енергија го смалуваат емитувањето на штетните CO2 гасови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП