19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНародна банка ја намали прогнозата за раст на македонската економија

Народна банка ја намали прогнозата за раст на македонската економија

Народната банка на Република Македонија во априлската проекција прогнозира раст на македонската економија од 2,5 проценти за годинава по што би следело забрзување на 3,2 процента во 2018 година.

НБРМ има непроменети очекувања за нивото на инфлацијата споредено со октомври и очекува забрзување на растот на инфлација од 1,3 проценти годинава и 2 проценти догодина.

НБРМ очекува стеснување на дефицитот на тековната сметка во периодот 2017­2018 година, понизок дефицит на салдото на стоки и услуги, благ раст на секундарниот доход, како и проширување на дефицитот кај примарниот доход.

За годинава се проектира раст на депозитите кај банкарскиот систем од 4,2 процента, како и кредитен раст од 5,6 проценти.

„Клучни претпоставки на априлските проекции се задржување на здравите фундаменти на домашната економија, продолжените негативни ефекти од политичката криза врз однесувањето и довербата на потрошувачите и инвеститорите, како и претпоставката за постепено разрешување на кризата во текот на годинава, стабилизирање на амбиентот и исцрпување на неповолните ефекти до крајот на годината“, рече гувернерот Димитар Богов.

Појаснувајќи ја промената на ризиците помеѓу двете проекции, неповолните ризици во овој циклус проекции се поизразени споредено со октомври. Тие се главно поврзани со домашните фактори од неекономски карактер, односно со политичката криза којашто продолжи и на почетокот на 2017 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП