25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКои се најпродаваните модели во светот за 2017-та година

Кои се најпродаваните модели во светот за 2017-та година

„Toyota Corolla“ продолжува да биде најдобро продаваниот модел на планетата, покажуваат резултатите на агенција „focus2move“ чие истражување ги опфаќа првите 3 месеци на 2017-та година.

За овој период јапонската марка реализирала продажба на 297.471 такви возила на пазарот, а тоа е за 0,9% помалку од резултатот за првите 3 месеци од 2016-та година. Тогаш се продадени 306.357 возила.

На втората позиција по популарност во светот е пикапот „Ford F-Series“. Од јануари до март 2017-та година од него се продадени 244.709 примероци, што е за 9,8% повеќе од минатата година. Во првата тројка влегува и „Volkswagen Golf“ со 220.140 продажби, а падот кај овој модел е 10,1%.

Топ 10 според продажбата во светот за првиот квартал од годината

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП