19 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАТри едноставни патишта до оптимизмот

Три едноставни патишта до оптимизмот

Не е важно дали чашата е полупразна или полуполна, туку дали бокалот со вода е некаде во близина…

Сакате ли да им дозволите на темните облаци полни со негативност да го покријат вашиот живот и да ви го покијат сонцето, пишува Лаура Tонг, блогерка која наведува дека мисија и е да им помогне на луѓето да го поедностават својот живот, да стекнат контрола над него и да уживаат во него.

Уверувајќи дека изборот е наш, таа препорачува 3 едноставни начини за полнење на залихите со позитивност…

1. Хранете се со позитивни стимуланси – книги, филмови, цитати и сите останати извори на мотивација до кои можете да дојдете со цел непрекинато да се полните со различни оптимистични приказни, податоци, идеи и мислења кои ќе ви овозможат да останете позитивни и да и одолеете на негативноста од другите лица.

2. Развијте сопствена филозофија за позитивноста – чашата немојте да ја гледате како половина празна или полна, туку како нешто што секогаш одново можете да го наполните, така што нејзината моментална состојба не е важна.

3. Секогаш најдете време за забава – тој дел често се занемарува, а всушност е клучен за позитивниот став.

Откако ќе се наполниме со позитивност, подготвени сме несебично да ја делиме. Од сопствено искуство, Лаура Тонг наведува неколку најдобри начини да се зрачи со позитивност во негативниот свет

Нека вашиот говор на телото биде отворен – тоа покажува дека сте достапни и позитивни

Говорете брзо и погласно – со тоа можете да генерирате повеќе енергија и позитивност

Немојте да се обидувате да го промените негативното или да се борите против него, туку позитивно возвратете на негативните примедби – насочете се кон својата улога за ширење на позитивност.

На социјалните мрежи објавувате кратки впечатливи цитати – со цел и другите да можат да ги шират, па така и виртуелно да зрачите со позитивност.

Правете неочекувани работи – пофалете ги и наградете ги другите, особено кога тоа најмалку го очекуваат, тоа ќе придонесе за позитивност и кај нив и кај вас.

Забележувајте ги и пофалете ги позитивните потези на другите луѓе, меѓу останатите и јавните лица – со говорењето за тоа, се истакнуваат примери за позитивност ширум светот, како противтежа на многуте негативно нестроени медиуми. Нив не можете да ги менувате, но можете да одлучите за себе: да зрачите со позитивност и да живеете во поинаков свет, исполнет со оптимизам и опкружени со позитивни луѓе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП