19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: ЕУ има потенцијална дополнителна работна сила од 11 милиони...

График на денот: ЕУ има потенцијална дополнителна работна сила од 11 милиони лица

Заедно со економски активното население на возраст од 15 до 74 години (224 милиони вработени и 21 милиони невработени) во 2016-та година, речиси 11,1 милиони економски неактивни лица во истите старосни граници во Европската унија (ЕУ) имале некаква врска со пазарот на трудот и може да се согледа за потенцијална дополнителна работна сила. Тоа е еднакво на 4,5% од работната сила на ЕУ, соопшти „Евростат“.

Од оние кои во моментов се економски неактивни, околу 8,8 милиони лица се определени како слободни за работа, но не бараат. Оваа група вклучува на пример луѓе кои се обесхрабрени од пазарот на трудот. Друга група се состои од речиси 2,3 милиони лица кои бараат работа, но не се на непосредно достапни, на пример студентите бараат работа по дипломирањето. Жените (55,9%) формираат најголемиот дел од вкупната потенцијална дополнителна работна сила во ЕУ.

Потенцијалната дополнителна работна сила значително варира меѓу различните земји членки, а најголемите партиции се во Италија (со над 3,3 милиони луѓе, што е еквивалентно на 13,0% од вкупната работна сила) и Хрватска (10,9%). По нив се Финска (8,0%), Бугарија (6,9%) и Луксембург (6,8%).

Треба да се напомене дека во секоја земја членка на ЕУ потенцијалната работна сила се состои главно од лица кои се на располагање за работа, но не бараат таква. Жените формираат најголемиот дел од вкупната потенцијална дополнителна работна сила во повеќето земји членки на ЕУ, со исклучок на Ирска, Бугарија, Литванија, Финска и Данска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП