Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 6,810.00 0.06%    KMB 2,850.00 -0.02%    OHB 6,021.43 -4.42%    RMDEN11 95.00 0%    STB 945.13 0.29%    TTK 844.00 0%    

Tip of the week: Управување со емоциите

Време: 14:17

Датум: мај 25, 2017

Категорија: КОЛУМНИ

Не треба да се мистифицираат емоциите, туку да се демистифицираат своите реакции!

Управувањето со емоциите е предуслов за квалитетен однос на работа, во фамилијата, со партнерот, со своите деца. Нашата емотивна реакција може да ни го олесни или да ни го отежни животот. Кога нешто ќе тргне наопаку, во односот со некоја личност, некако секогаш ни е полесно да се занимаваме со „другата страна”. Доколку лошата ситуација ни се случува и со други, нови луѓе, вреди да се позанимаваме со нашата емотивна реакција. Што претставуваат нашите 50 % ? Зошто некогаш реагираме баш така? Каква порака испраќаме? Од кое место реагираме?

Статистиката вели дека 70 % од напорите да се постигне добра промена пропаѓаат, бидејќи во тек на активноста не се посветило доволно внимание на емоциите.

Емоциите, во најголем број од случаите, се инстинктивна реакција која потекнува од нашите сеќавања од слични случки кога сме доживеале пораз, победа, радост или страв. Така, однапред обоени, нашите очекувања од другите не се реални. Очекуваме многу повеќе или многу помалку. Не даваме од себе она што во моментот е потребно. Реагираме од бес, страв или идеализираме. Некому му препишуваме премногу лоши или добри особини.

Таа инстинктивна реакција се нарекува „реактивно однесување”. Кога сме „реактивни” ние длабоко во себе живееме или во минатото или во иднината, во нашите стравови или во надежта. Реалната реакција се нарекува „проактивна”.  Тоа значи, фокус на решението, моменталната состојба, согледување на околностите, прифаќање на одговорност. Нашето реактивно, често се сретнува со реактивното на другите. Во овие ситуации, добро би дошло некој да остане мирен и разумен. Зошто тоа да не бидете вие?! На крај од разговорот, соговорникот ќе ви биде благодарен и на сите ќе им биде добро.

Обрнете внимание:

  • Штом сме реактивни нешто е погрешно. Аларм!!! Освен што гледате во другите, застанете да видите што се случува и во вас.
  • Кога сме реактивни не одлучуваме добро, не гледаме добро, не согледуваме. Повлечете се додека не се вратите во рамнотежа.
  • Внимавајте да не ја „буткате” вашата вистина, само поради некој страв или очекувања.
  • Чувствувајте го биењето на вашето срце, со допир на раката и дишете длабоко. Така се врзувате за себе на вистински начин. Не можете да го слушнете биењето на срцето во минатото или иднината. Срцето чука сега, во моментот.
  • Односот со другите почнува во нас. Имате право нешто (некој) да не ви е прифатливо. Само бидете сигурно зошто е тоа така.
  • Добрите односи се засноваат на доверба и на поддршка, почитување и добра комуникација. Проверете се себеси!

Управувањето со емоциите, во суштина, значи дека сме попаменти од емоциите. Не треба да се мистифицираат емоциите, туку да се демистифицираат своите реакции. Не можеме да го промениме минатото, но може да видиме што од минатото пренесуваме како навика.

ОБВРСКИ + ЕМОЦИИ + ОДНОСИ  = КВАЛИТЕТ НА ЖИВЕЕЊЕ

Јасна Ловрич,

Конструктивистички коучинг психолог

Сертифициран консултант Human Synergistic International / Serbia

МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ Консалтинг

www.macedonia-consulting.com

 www.macedonia-export.com  

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Tip of the week: Затоа што сите така прават!

    Tip of the week: Затоа што сите така прават!

    Зошто поминуваш среде улица, а не на пешачки?! – Затоа што сите така прават! Зошто не ги изми садовите во канцеларија?! – Затоа што сите…

  • Tip of the week: Крај на разговорот

    Tip of the week: Крај на разговорот

    Во секојдневниот живот се соочуваме со разноразни комуникации. Сите тие најчесто би требало да завршат со некаква поента или дефинирање на следни чекори. Но, за…

  • Tip of the week: Дали сте амбициозни?

    Tip of the week: Дали сте амбициозни?

    Често слушаме за некој дека е многу амбициозен, на пример, амбициозен вработен, амбициозен менаџер, амбициозен студент… Неодамна добив ваков коментар од еден пријател, а тоа…

  • Tip of the week: Што ако сте на погрешен пат?

    Tip of the week: Што ако сте на погрешен пат?

    Искрено, не знам како би можеле да ви помогнеме, но можеме да најдеме начин и да укажеме. Сигурно имате околу вас, барем неколку од нив,…

  • Tip of the week: Пред фактите и боговите молчат!

    Tip of the week: Пред фактите и боговите молчат!

    „Пред фактите и боговите молчат!” Сигурно сте го слушнале ова некаде, а можеби сте го употребиле и во некој разговор или преговори како ваш аргумент.…

  • Tip of the week: „Црвот во јаболкото!“

    Tip of the week: „Црвот во јаболкото!“

    Не знам дали ја знаете оваа фраза „црвот во јаболкото“. Црвот ќе расипе едно јаболко, тоа ќе расипе друго и така по ред сите јаболка…

  • Tip of the week: Страв од успехот на другите

    Tip of the week: Страв од успехот на другите

    Успехот е многу убава работа и секој од нас си го посакува. Но успехот кај другите е интересна појава. Тој предизвикува еден вид страв, страв…

  • Tip of the week: Здраво за готово

    Tip of the week: Здраво за готово

    Цело време не учат дека треба да ги почитуваме другите, да бидеме внимателни и да им помагаме. Но многу пати се случува таа добрина да…

  • Tip of the week: Континуирано подобрување

    Tip of the week: Континуирано подобрување

    Постои една јапонска техника (методологија) што ја користат тамошните компании (но и други светски системи) во нивното организациско работење, со цел развој и континуиран прогрес,…

  • Tip of the week: Која е вашата боја?

    Tip of the week: Која е вашата боја?

    Вчера, во разговор со една драга другарка, помеѓу сите безвременски теми и приказни што ги разговаравме, ми раскажа една ситуација која ја памети од детството,…