25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАOпштина Ѓорче Петров ќе ги наградува најдобрите ученици и наставници

Oпштина Ѓорче Петров ќе ги наградува најдобрите ученици и наставници

Во основните училишта во Општина Ѓорче Петров во тек е Конкурс за доделување награди, дипломи и пофалници на учениците и просветните работници кои се доделуваат за особени постигнувања и постигнати успешни резултати во образованието.

На крајот од учебната година (10 јуни 2017 год.) ќе биде прогласен првенец на генерација на Општина Ѓорче Петров за основно образование кој ќе биде награден со плакета и награда (часовник ,компјутер, лаптоп или слично) во вредност од 10.000 денари.

Најдобрите ученици од IV дo IX одделение ќе добијат дипломи и награди (часовник, таблет, енциклопедија и сл.) во вредност од 3.000 денари.

Пофалници за постигнат особен успех во спортот, музиката, ликовната уметност и друго ќе се доделат на поединци или групно на ученици или просветни работници кои постигнале успеси во одредени области, имаат освоено награди, дипломи и признанија и ја промовираат Општината Ѓорче Петров и ќе бидат наградени со посебна диплома и награда во вредност од 3.000 ден.

За истакнат просветен работник, награда која се доделува на наставниот кадар во предметна и одделенска настава во основните училишта, ќе биде доделена плакета и награда во износ од 15.000 денари. Дипломите и наградите ќе бидат доделени на Денот на општината (20 септември)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП