25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗLamborghini планира четврти модел

Lamborghini планира четврти модел

„Lamborghini“ планира да ја зголеми гама до четири автомобили, а во оваа бројка не влегува очекуваниот „SUV“ модел „Urus“. Но тоа ќе се случи најрано во 2022-2023 година, прогнозира шефот на италијанската марка Стефано Доменикали.

Според поранешниот шеф на тимот на „Ferrari“ во Формула 1, градски спектар на „Lamborghini“ ќе привлече нови клиенти кон брендот и ќе овозможи годишното производство на компанијата да достигне 10.000 автомобили. За 2018-та година, планот на „Lamborghini“ е производството да продолжи да се зголемува до 7.000 автомобили.

Доменикали не сакаше да објави што ќе претставува новиот модел на компанијата. Сепак, тој не ја исклучи можноста тоа да е автомобил „Gran Turismo со 2 + 2“ места или пак уште еден спортски модел кој ќе е позициониран веднаш под „Huracan“.

Во пролетта на 2018-та година треба да дебитира „Lamborghini Urus“, а Италијанците очекуваат главните пазари на „SUV“ моделот да се САД, Блискиот Исток, Западна Европа и најверојатно – и Русија.

„Urus“ ќе биде првиот сериски модел на „Lamborghini“ со хибриден погон и можност за полнење на батеријата од електричната мрежа. Како што објасни шефот на одделот за развој и истражување на „Lamborghini“ Маурицио Реџи: „„Urus“ ќе е прв и единствен комерцијален хибрид во нашата палета“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП