28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИLenovo се враќа кон профит во изминатата година

Lenovo се враќа кон профит во изминатата година

Кинеската технолошка компанија „Lenovo Group“, која е најголемиот производител на персонални компјутери во светот, соопшти дека се враќа кон профитот во годината во која нејзината продажба на персонални компјутери падна со побавно темпо од тоа на целиот пазар, додека корисничката потрага продолжува да се намалува, пренесува „Ројтерс“.

Добивката на „Lenovo“ достигна 535 милиони долари во годината до март, по загубата на 128 милиони долари една година порано. Приходите на компанијата сепак запишаа пад со 4 отсто до 43 милијарди долари.

Резултатите доаѓаат во момент во кој „Lenovo“ работи на пазарот на персонални компјутери, кој се намалува значително по влегувањето на смартфоните и таблетите. Според компанијата за истражување на пазарот „Gartner“ глобалната продажба на персонални компјутери бележи пад веќе десетти последователен квартал во периодот јануари-март, така што паднаа под 63 милиони примероци за прв пат од 2007-ма година.

Годишната продажба на „Lenovo“ се намали за 1%, додека вкупниот пазар се намалува со 3 отсто. Пазарниот удел на компанијата се зголеми за 0,4 процентни поени до рекордните 21,4%. Приходите на единицата за персонални компјутери и паметните уреди што носи околу 70% од вкупните приходи, се намалија за 2 отсто.

Компанијата за падот на резултатите го обвини нејзиното насочување кон смартфоните и центрите за податоци, тешката макроекономска средина, како и проблемите со снабдувањето во втората половина на годината.

„Иако пазарните услови кои ќе останат предизвик во краток рок, групата излезе од годината со посилна организација која овозможува засилен фокус на потрошувачите и поубедливо портфолио на производи во сите бизниси“, објасни претседателот и извршен директор Јан Јенцинг.

Конкуренцијата на пазарот на персонални компјутери оваа недела стана уште поцврста кога најголемиот кинески производител на смартфони „Huawei Technologies“ изјави дека ќе влезе на него со кориснички модели од висока класа.

„Lenovo“ се натпреварува со „Huawei“ и во мобилниот сегмент, кој носи околу 18% од нејзините приходи. Загубата на единицата се прошири до 566 милиони долари од 469 милиони година порано, иако „Lenovo“ тврди дека бележи голем раст во Латинска Америка и Западна Европа.

Помалиот бизнис на компанијата со центри за податоци, кој вклучува услуги за компании и сервери, генерира загуба од 343 милиони долари.

Извршниот директор изјави дека главниот бизнис на „Lenovo“ со персонални компјутери останува стабилен, трансформацијата на нејзиниот мобилен бизнис тече, а фирмата ги зголемува напорите за подобрување на својот бизнис со центри за податоци.

За три месеци до март добивката на „Lenovo“ е намален за 41% до 107 милиони, а приходите скокнаа со 5 отсто до 9,58 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП