16 април, 2024
ПочетнаИНТЕРВЈУИнтервју со Марија Михаилова - менаџер за контрола на квалитет во Макпрогрес...

Интервју со Марија Михаилова – менаџер за контрола на квалитет во Макпрогрес Виница

Макпрогрес е компанија која работи по највисоките стандарди за квалитет и безбедност на производите

Денар: Како една од најголемите прехранбени индустрии на пазарот, која постојано инвестира во производство и подобрување на квалитетот на своите производи и се грижи за сопствениот имиџ, колку е важно процесот на производство да функционира беспрекорно, да биде добро организиран, а хигиената и безбедноста на највисоко ниво?

Квалитетот и безбедноста се императив во нашата компанија, наша цел и мото кое успешно не води напред. За да бидеме успешни во исполнување на тие цели активно, ги следиме сите трендови на пазарот, постојано сме во тек со барањата и потребите на потрошувачите , а будно ги следиме и сите законски промени и светски стандарди за производство. Од исклучителна важност за производство на квалитетни и безбедни производи е хигиената на вработените, беспрекорната чистота на опремата и производните погони по сите пропишани стандарди. Исто така, навремено ги анализирам сите опасности кои може да се појават во текот на производството ( хемиски, биолошки, физички… ) и однапред преземаме мерки за заштита од истите.  За да бидеме во чекор со времето, нашите производи да бидат безбедни и квалитетни постојано преземаме корективни и превентивни мерки и инвестираме во опрема, нови технологии и обуки на вработените. Тое е процес кој никогаш не застанува, а тоа не усмерува постојано напред.

Денар: Имате сопствена лабораторија за истражување и развој во која континуирано се работи на многу проекти. Објаснете ни го малку процесот од идеја, тестирање, па се до финален производ?

Во нашата лабораторија за истражување и развој постојано пристигнуваат нови идеи и се работи истовремено на повеќе проекти. Постапката за развој на нов производ е комплексна задача која е составена од повеќе фази и трае со месеци. Пред се, за развој на нов прооизвод треба да се има јасна цел и добро осмислена стратегија. Најпрво, се прави комплетно истражување на пазарот за да се “осети пулсот“ на потрошувачите. Откако ќе добиеме идеја, го започнува проектот кој има за цел да развие нов производ. Се преминува кон истражување и собирање на податоци за слични производи на пазарот, законски регулативи кои треба да се почитуваат за производот да биде безбеден за користење  и подготовка на суровини кои се потребни за отпочнување на пробно производство. Потоа се преминува кон изработка на првична рецептура и се отпочнува со мали лабораториски проби за производство. Следува процес на производство на различни проби, тестирања, хемиски анализи, микробиолошки анализи на пробните примероци, органолептички тестирања и консултации со повеќе вработени. По добивањето на првото зелено светло за усовршен рецепт, се преминува кон пробно производство на самата линија. За цело време се следи производот во различни услови, се следи неговата стабилност и се работи на дефинирање на рокот на траење на производот. Во меѓувреме од маркетинг тимот во компанијата се работи на дизајн на пакувањето на производот и  се подготвуваат логистички податоци за  транспортно пакување на производот. На крај , кога сите овие фази ќе бидат систематски завршени, менаџерскиот тим на компанијата го одобрува производот. По прифаќање на проектот се изработува целокупната документација-спецификација на производот, точно дефиниран рецепт кој ќе се применува при сериското производство.  Со тоа се заокружува проецесот и може да се отпочне со  редовно производство и промоција на новиот производ.

Денар: Кажете ни како се спроведува контролата на квалитетот во вашата компанија, на колку нивоа, како и од кои екстерни институции?

Во склоп на нашата компанија имаме сопствена лабораторија за хемиска и микробиолошка контрола на суровините и готовите производи. Контролата на квалитет се врши на три нивоа: влезна контрола, процесна контрола и завршна контрола. Под влезна контрола се подразбира хемиска и микробиолошка контрола на сите суровини и амбалжи кои влегуваат во компанијата. Суровините и амбалажата смеат да се користат во производство дури откако ќе се одобрат од нашата лабораторија. Следна е процесната контрола каде што се анализираат сите меѓупроизводи во повеќе чекори од производството и се контролира тежината, пакувањето , означувањето на производот и  сите предвидени критични параметри  во текот на производството . На крај следува завршна хемиска и микробиолошка анализа на готовиот производ кој се пласира на пазарот дури откако ќе биде одобрен од нашата лабораторија. За сите анализи и параметри кои не сме во можност да ги анализираме во нашата лабораторија соработуваме со повеќе акредитирани надворешни лаборатории како што се  Центарот за јавно здравје, републички и локолни центри, лабораториите на факултетот за ветеринарна медицина  и други акредитирани лаборатории за контрола на храна.

 

Денар: Кои се стандарди за квалитет ги поседувате?

Макпрогрес е компанија која работи по највисоките стандарди за квалитет и безбедност на производите. Веќе ги имаме сертифицирано IFS Food стандардот , ISO 9001:2008 стандардот и  HACCP стандардот , a го имаме имплементирано и стандардот ISO 14001. Моментално работиме на имплементација, а потоа и на  сертификација на ISO 22000. Исто така ги поседуваме и стандардите за храна на посебните етнички заедници како што се: HALAL  и  KOSHER.

Денар: Како компанија учествувате на многу реномирани интернационални саеми за храна и кондиторски производи. Колку тие се важен извор на информации, за следење на најновите технолошки трендови и потреби на потрошувачите?

Учеството  на саеми е од голема важност за собирање на информации за трендови во производството и барањата на потропувачите. Исто така тие се можност за да се стапи во контакт со фирми производители на суровини, опрема, нова технологија и да се инвестира во подобрување на квалитетот и безбедноста на производите. Затоа нашата компанија редовно учествува на сите позначајни саеми во светот , на дел како изложувач, а на некои само како посетители.

Денар: Компанијата постои веќе 26 години. Во своето портфолио имате над 300 различни производи, под капата на 5 брендови Винчини, Армониа, Винчини Finest, Natura и Сончева Долина. Која е тајната на успехот?

Посветеност во работата, постојана грижа за потрошувачите, постојано инвестирање во нови производни линии и подобрување на технологијата на старите производни линии, следење на светските стандарди, постојана едукација на кадарот како и грижата за вработените во компанијата од страна на менаџерскиот тим, се само дел од компонентите кои ја чинат тајната на успехот на нашата команија. Ние сме компанија која веќе 26 години пишува успешна историја и решени сме да чекориме напред  и да освојуваме уште многу светски пазари со што ќе бидеме амбасадор на нашата држава во светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП