29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗошто е важна либерализацијата на пазарот за струја?

Зошто е важна либерализацијата на пазарот за струја?

Со либерализацијата на пазарот на струја ќе се укине монополот на ЕВН, а во исто време македонските компании ќе имаат можност за избор. Конкуренцијата сама по себе ќе донесе пониски цени, слично како што се случи со телекомуникацискиот сектор.

Минатата Влада го одложи процесот на либерализацијата иако беше обврзана пред повеќе од две години да почне со тој процес, со што илјадници македонски компании останаа заглавени во неможност за избор, а околу 30 милиони евра средства наместо да за заштедат одеа за сметки за електрична енергија.

Кога требаше да се случи либерализацијата на пазарот на електрична енергија голем број на компании започнаа кампањи, работеа на терен, вработуваа луѓе, а целиот процес Владата го одложи две недели пред да стартува.

Компаниите кои требаше да купуваат струја по пониски цени останаа да чекаат, во неможност да заштедат средства, а со тоа беа со помала можност да вложат дел од заштедените средства во нови инвестиции, или отворање на нови работни места.

Згора на тоа, единствена земја сме каде мрежарината за електрична енергија, еквивалент на патарина за патишта, е со речиси иста цена како и киловатчас на електрична енергија. Тоа е како да плаќаме иста цена за гориво за нашите автомобили и за патарина секојпат кога ги користиме автопатите.

Што се добива со либерализацијата? Конкуренција, пониски цени и секако поголем квалитет. 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП