19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИRyanair подготвен да ги замени капацитетите на Alitalia, но не и да...

Ryanair подготвен да ги замени капацитетите на Alitalia, но не и да ја купи компанијата

Ирскиот нискобуџетен авиопревозник „Ryanair“ е подготвен да пресели 30 авиони во Италија, во случај на пропаст на реструктуирање на пропаднатата Alitalia да ги надомести загубените капацитети, но не е заинтересиран за преземање на италијанскиот превозник, порача извршниот директор Мајкл О’Лири.

Позицијата на „Ryanair“ ја делат и неговите конкуренти easyJet и сопственикот на British Airlines International Airlines Group (IAG), кои порачаа дека се подготвени да ги заменат капацитетите на Alitalia, но не и да ја купат компанијата.

Alitalia поднесе барање за стечајна заштита, а владата именуваше претставник што ќе ги анализира нејзините опции и ќе утврди дали може да работи со нов бизнис модел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП