29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСем Олердајс по напуштањето на Кристал Палас нема амбиции да води некој...

Сем Олердајс по напуштањето на Кристал Палас нема амбиции да води некој клуб

Британскиот менаџер Сем Олердајс рекол дека по напуштањето на Кристал Палас повеќе нема никави амбиции да води некој клуб. Олердајс (62) пет месеци мина на клупата на Кристал Палас и со одлични игри успеа да избори опстанок во Премер лигата.

Сем Олердајс ја исполни мисијата поради која беше ангажиран во Кристал Палас, а откако ја оствари целта реши да го напушти клбот, а веројатно и фудбалот.

„Сакам да уживам во животот додека сум релативно млад и здрав. Сакам да правам некои други работи, да патувам, да минувам повеќе време со семејството и внуците“, напишал во соопштението единствениот менаџер кој предводел шест различни екипи во Премиер лигата.

Круна на неговата кариера беше ангажманот на селекторската функција во англиската репрезенатција која на крајот заврши неславно. Во 2016 тој потпиша двегодишен, но беше селектор на само еден натпревар, бидејќи поради скандалот дека ја користел функцијата за да преговара со фудбалеските менаџер, беше принуден да поднесе оставка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП