25 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРА„Оф фест 2017“ со експересивни и антиглобалистички музички изведувачи

„Оф фест 2017“ со експересивни и антиглобалистички музички изведувачи

Дамир Имамовиќ – босанскиот севдах-модернист, македонската група „Љубојна“, италијаните Bella Ciao, португалска фадо ѕвезда Жизела Жоао, авангардните Јужнокорејци Black String, Марја Нут, данското дуо Den Sorte Skole и претставувањето на издавачката етикета „Глитербит рикордс“ со двете нејзини вонсериски пројави – Кинг Ајисоба од Гана и Мавританката – Нура Минт Сајмали, ќе бидат дел од 16. издание на ОФФест, што ќе се одржи на неклолку локации во главниот град од 25 до 28 мај.

Почеток, ќе биде означен во четврток, од 20 часот, на сцената во Македонскиот народен театар, со Дамир Имамовиќ и Љубојна.

За сараевчанецот Имамовиќ, инаку вистински следбеник на лозата врвни интерпретатори на севдалинки, познато е дека посветен истражувач на босанскиот мелос, едукатор и продуцент. Но, наместо до немајкаде да ги „преџвакува класиците“, тој креира спој на музика и поетика кои ја крепат идејата за севдах. Меланхоличен и модерен, токму онаков како што треба за средба меѓу световите. Впрочем не случајно на неговата скорешна објава како продуцент се јавува Крис Екман од WALKABOUTS и со-основач на „Глитербит рикордс“.

Втората вечер на Оф-Фест 2017 ќе ја отворат Bella Ciao, кои од своја страна го заговараат повторното оживување на богатата традиција, на проектот насловен „Нова италијанска канцона“ во чии рамки се збирани музичките материјали настанати во периодот 1954 – 1964 година. Преку своите слободоумни вредности и пораки за мир и граѓанско општество, песните од овој циклус, интерпретирани од хармоникашот Рикардо Теси, гитаристот Маурицио Гери, перкусионистот Џиџи Бјолкати и пејачите како Лучија Галеаци, Лиуза Костифољи, Елена Леда и Алесио Лега, не само што ја задржале нагласената моќ, туку во себе носат и нов императив во глобализираниот свет.

По нив ќе ја чуеме и видиме Жизела Жоао, новата португалска фадо ѕвезда, чија пројава ја карактеризираат „тивката меланхолија, еруптивниот и суров климакс и болното помирување со судбината“. А, што друго да се очекува од од потписничката на албумот „ Nua “ (2016) и девојката која знае да каже: „Мнозина мислат дека фадото е тажно, но тоа не е тажно туку интензивно. Како и самиот живот.“

Во МКЦ, во сабота, на 27 мај, во 20.30 часот случувањата ќе започнат со хипнотичната естонска виолинистка и пејачка, минималистката Марја Нут и нејзиниот собеседник и композитор на електронска музика Хендрик Каљујарв. Тие ќе ја сторат овдешната промоција на нејзиниот многу фален актуелен албум „Une Meeles “, кој освен што заведува со индициите за блискот до делата на творци како Арво Перт и Филип Глас нуди и нови хипнотички звуковни пејзажи.

Потем следува перформансот на Јужнокорејците Black String, бендот на Јон Џеонг Хо, некогашниот член на Tori Ensemble, и дружината која експериментирајќи на инструментариумот сочинет од геомунго, бамбусови флејти, разни перкусии се стреми кон „нов звук кој соединува различни изрази од традиционалната музика, е и во хармонија со останатите глобални стилови“. И, конечно, длабоко по полноќ, во Станица 26, е планиран да се случи перформансот на данското дуо DEN SORTE SKOLE (Мартин Хојланд и Симон Докедал – грамофони и електроника), кои бришејќи ги сите огради нудат концепт на „раскажување музички приказни низ времето и просторот“.

Последната вечер од годинашниот фестивал,онаа планирана за во недела 28 мај, е концептуална и во основа подразбира претставувањето на реномираната издавачка етикета „Глитербит рикордс“. Од таму најнапред во кино „Фросина“ ќе биде прикажан документарниот филм „Every Song Has Its End“ на американскиот продуцент, филмски режисер, професор и музичар Пол Чендлер кој е посветен на културолошкото богатство на традиционалната музика од Мали. Веднаш по ова исклучително остварување следува концертот на харизматичниот и неодолив пејач од Гана – Кинг Ајисоба со неговиот бенд и специјалниот гостин Зеа, продуцент на актуелниот албум „1000 Can Die“( во кој независно дали се пее и пораките се соопштуваат на еден од автентичните јазици како фрафра, тви или на пиџин англиски, како што се вели, „историјата и денешнината стојат заедно“) и член на легендарниот холандски пост-панк бенд The Ex.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП