24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОУЕФА: Нема промени за финалето во ЛЕ

УЕФА: Нема промени за финалето во ЛЕ

Финалето на фудбалската Лига на Европа помеѓу клубовите Манчестер Јунајтед и Ајакс ќе се игра според планот, в среда, на 24 мај, во Стокхолм, без оглед на терористичкиот напад кој се случи во понеделникот во Манчестер, објавиле од Европската фудбалкска унија (УЕФА).

УЕФА изразила жалење поради терористичкиот напад во кој загинаа најмалку 22 лица, најавувајќи дека безбедносните мерки ќе бидат подигнати на највисоко ниво.

„Шокирани сме од вестите кои пристигнуваат од Манчестер. Нашите мисли се со семејствата на настраданите“, порачале од УЕФА. Од таму додале дека не постојат никакви податоци кај тајните служби дека натпреварот во Стокхолм би можел да биде цел на терористички напади.

„УЕФА со месеци соработува со шведските власти и досега се покренати низа мерки. По нападите во Манчестер ќе покренеме дополнителни безбедносни мерки“, додале од Европската фудбалска организација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП