28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈувентус го откупи Квадрадо од Челзи

Јувентус го откупи Квадрадо од Челзи

Италијанскиот шампион Јувентус, по освојувањето на шестата едноподруго титула во Серија А, реши да го откупи договорот на Хуан Квадрадо. Јувентус на Челзи му плати сума од 20 милиони евра за Колумбиецот.

Хуан Квадрадо потпиша тригодишен договор со Јувентус откако претходните две како позајмен играч ги мина во црно-белиот дрес. Овој 28-годишен играч по трансферот од Фиорентина во Челзи не успеа да се наметне во лондонскиот тим, но во Јувентусд ја врати препознатливата форма.

Јувентус веќе ја освои двојната круна во Италија, а доколку успее на 3 јуни да го победи Реал во финалето во Лигата на шампионите, тогаш првпат во клупската историја ќе ја освои тројната круна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП