28 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако да се справите со мрзливите колеги?

Како да се справите со мрзливите колеги?

Мрзливите колеги лесно ќе ги убедат останатите во тоа дека не се исплати да се работи напорно, па најважно е да ја избегнете замката на спуштање на нивното ниво…

Не дозволувајте да ви го одвлечат вниманието

Вашиот колега е можеби мрзлив но не смеете на себе си да си дозволите тоа да ви привлекува внимание. Доколку на неколку минути проверувате што тој работи наместо да си ја обавувате работата, ќе се спуштите на истото ниво.

Лесно може да се занесете

Не дозволувајте мрзливите колеги да ве повлечат на нивната страна. Ако ве повикаат на пауза за ручек или прошетка, а вие знаете дека тоа ќе се развлече, учтиво одбијте ги. Последното што го сакате е останатите колеги да мислат дека и вие сте како нив.

Не го менувајте својот став

Знаеме дека не ви се допаѓа тоа што колегата е мрзлив, но немојте да дозволите вашето негодување негативно да се одрази на вашата продуктивност бидејќи наскоро ќе се соочите со последици.

Никогаш не се жалете од мрзливиот колега и не го пријавувајте кај шефот

Вашиот шеф најверојатно е многу свесен за тоа, и ако искоментирате такво нешто може да излезете непрофесионални. Може да се случи и да ви вети дека ќе ја разгледа ситуацијата, но сепак да не направи ништо, или пак да ви каже да си ја гледате својата работа. Доколку мрзливоста на вашиот колега негативно влијае на вашата работа, на пример ако заедно работите на некој проект, обратете му се на шефот, но тоа претставете го како факт, не во злобна конотација.

Никогаш не му правете услуги

Доколку вашиот колега е мрзлив, тоа не е ваш проблем. Не преземајте ги неговите обврски, дури и кога сте многу добро свесни дека работата мора да биде завршена. Се додека одлично ја обавувате вашата работа, нема причина за грижи. Доколку заедно работите на проект, потсетете го за роковите и обврските, но никако немојте да трошите премногу енергија на нешто што не е ваша одговорност.

Избегнувајте заднички проекти

За жал, ова не е секогаш можно, па ако ја немате таа опција, веднаш на почетокот прашајте дали може да ви биде продолжен рокот. Како причина за оваа молба наведе го фактот дека вие и вашиот колега не ги обавувате работите со исто темпо, и дека може да произлезе проблем кога работите во тандем. Со тоа на понаков начин ќе нагласите дека вашиот колега е мрзлив и ќе избегнете себе си да се доведете во непријатна ситуација.

Искористете ја неговата мрзеливост за да напредувате

Некогш можно е оваа ситуација да ја свртите во ваша корист – станете лидер. Предложете им на своите надредени да му помогнете на колегата чија продуктивност не е од големо значење за компанијата. На овој начин ќе се поставите како лидер и ќе добиете почитување од шефот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП