16 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНаправете витаминска бомба: Чудотворен прав од кората од портокал

Направете витаминска бомба: Чудотворен прав од кората од портокал

Дали сте знаеле дека во кората од портокалот се крие највисока концентрација на витаминот Ц? Ви го претставуваме овој едноставен рецепт за прав од кората од портокал на кој вашето тело ќе му биде многу благодарно…

Витаминот Ц е важен сојузник во борбата против разните болести, настинките и разните инфекции. Исто така, има важна улога во регенерацијата на ткивото и борбата против слободните радикали. За да му ја обезбедите доволната количина на телото, многу е важно да обрнете внимание на доволниот внес на тој витамин.

Подготовката на овој домашен препарат од кората од портокал е едноставна и на тој начин телото може да го искористи витаминот Ц речиси стопроцентно. Имено, токму во кората од портокал се крие најголемата концентрација на овој витамин.

За подготовка потребни ви се неколку портокали, но исклучително е важно да се органски, односно непрскани. Откако сте го изеле плодот, во рерна исушете ја кората. Задолжително на послаба температура, со цел да не го уништите витаминот Ц. Потоа сомелете ја кората во мелница за кафе или во блендер. Правот кој сте го добиле ставате го во сува тегла и добро затворете ја.

Една лажица од овој прав содржи двојно повеќе витамин Ц отколку самото „месо“ од плодот. Можете да консумирате по една лажица од овој прав секој ден. Воедно можете да го помешате со јогурт, да го додадете во вашето утринско смути или едноставно во една чаша вода.

Тој е исто така одличен избор и за подготовката на разни слатки. Со правот можете да го ароматизирате вашиот колач и така омиленото слатко да го направите уште подобро.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП