18 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКЗК: Милионски казни за Пивара Скопје и Прилепска Пиварница

КЗК: Милионски казни за Пивара Скопје и Прилепска Пиварница

Комисијата за заштита на конкуренцијата им изрече парична глоба на двете најголеми пивари во Македонија – Пивара Скопје АД од 5,8 милиони евра (357.992.515,00 денари) и Прилепска Пиварница АД Прилеп од 2,7 милиони евра (166.778.900,00 денари).

Комисијата за одлучување по прекршок при Комисијата за заштита на конкуренцијата на седницата одржана на 22.05.2017 година, донесе решение со кое утврди дека ПИВАРА СКОПЈЕ АД Скопје, во периодот од 17.12.2012 година наваму, склучувала договори за продажба и дистрибуција на производите на ПИВАРА СКОПЈЕ АД Скопје со независните дистрибутери, во кои се содржеле одредби со кои ја ограничувала способноста на дистрибутерот да одреди своја продажна цена односно му наметнувал на дистрибутерот по која цена тој ќе продава на своите крајни купувачи. Ова значи дека дистрибутерот неможе самостојно да си ја одреди цената по која ќе ги препродава истите производи на пазарот, што во услови на пазарна економија значи ограничување на конкуренцијата.

Ваквите одредби кои се однесуваат на одржување на препродажни цени претставуваат ограничувања кои не смеат да бидат содржани во вертикалните договори (договори помеѓу производителот и дистрибутерот) и истите претставуваат одредби кои имаат за цел нарушување на конкуренцијата, согласно Законот за заштита на конкуренцијата и согласно Уредбата за групно изземање на одредени видови вертикални договори.

За сторениот прекршок од член 59 став (1) точка 1), а во врска со член 7 став (1) точка 5) од Законот за заштита на конкуренцијата, на ПИВАРА СКОПЈЕ АД Скопје, Комисијата за одлучување по прекршок при Комисијата за заштита на конкуренцијата и изрече глоба во износ од 5,8 милиони евра (357.992.515,00 денари).

Комисијата за одлучување по прекршок при Комисијата за заштита на конкуренцијата на седницата одржана на 22.05.2017 година, донесе решение со кое утврди дека Прилепска Пиварница АД Прилеп, во периодот од 13.11.2010 година наваму, склучувала договори за деловна соработка со овластените дистрибутери, во кои се содржеле обврски за неконкурирање со неограничено времетраење како и одредби со кои ја ограничувала способноста на дистрибутерот да одреди своја продажна цена односно му наметнувал на дистрибутерот по која цена тој ќе продава на своите крајни купувачи. Ова значи дека дистрибутерот неможе самостојно да си ја одреди цената по која ќе ги препродава истите производи на пазарот, што во услови на пазарна економија значи ограничување на конкуренцијата.

Ваквите временски неограничени обврски за неконкурирање и одредбите кои се однесуваат на одржување на препродажни цени претставуваат ограничувања кои не смеат да бидат содржани во вертикалните договори (договори помеѓу производителот и дистрибутерот) и истите претставуваат одредби кои имаат за цел нарушување на конкуренцијата, согласно Законот за заштита на конкуренцијата и согласно Уредбата за групно изземање на одредени видови вертикални договори.

За сторениот прекршок од член 59 став (1) точка 1), а во врска со член 7 став (1) точка 5) од Законот за заштита на конкуренцијата, на Прилепска Пиварница АД Прилеп, Комисијата за одлучување по прекршок при Комисијата за заштита на конкуренцијата и изрече глоба во износ од 2,7 милиони евра (166.778.900,00 денари).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП