20 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАДве награди за Театар Комедија на фестивал во БиХ

Две награди за Театар Комедија на фестивал во БиХ

Театар комедија освои две награди на регионалниот фестивал на комедијата во Сараево „Насмевка на Сараево“ со претставите „Име“ од Александар Дела Пателиер и Метју Делапорт во режија на Нени Делместре и „Трудна приказна“ од Благица Секулоска во режија на Лидија Дедовиќ .

Фестивалот е организиран за првпат од 12 до 20 мај и на него учестувале најдобрите театри од целиот регион.

„Со овие награди се потврдува квалитетот на Театар комедија со што тој се поставува на регионалното театарско небо како важен сегмент од театарското живеење во жанрот на комедијата“, рекоа од Театар комедија.

Освен на фестивалот во Сараево, Театар Комедија се претстави и на интернационалниот фестивал „Петар Кочиќ“ во Бања Лука, кој се одржува по 20-типат со претставата „Трудна приказна“ и наиде на одлични реакции од публиката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП