24 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАДино Имери со хуманитарен концерт во МОБ

Дино Имери со хуманитарен концерт во МОБ

На местото на откажаната опера „Мадам Батерфлај“ во рамки на Мајските оперски вечери која беше закажана за 28 мај, МОБ ќе организира хуманитарен концерт на пијанистот Дино Имери за да се соберат пари за натамошно лекување во странство на младиот пијанист-­ученик Никола Алексовски.

За Дино можете донирате и трансакциската сметка на неговата мајка: Елизабета Алексовска 300007085053957 Комерцијална банка АД Скопје, информира Македонската опера и балет.

Дино Имери (1990) е еден од најперспективните македонски пијанисти, кој своето образование го стекнал кај професорите Људмила и Борис Романови и кај Симон Трпчески, а гостувал на познати европски концертни подиуми.

Билетите купени за „Мадам Батерфлај“ може да бидат заменети за хуманитарниот концерт или да се вратат на билетарница на МОБ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП